(Фото) СДСМ: Тошковски со инспектори од МВР во штаб на ДПМНЕ во Кривогаштани, полицијата ставена во функција на власта

Соопштение на СДСМ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствивал на партиски состонок за изборите во партиски штаб на ДПМНЕ во Кривогаштани.

На истиот состанок присуствувал и полицискиот инспектор при ОВР Прилеп, Сашо Јосифоски, што претставува директно кршење на Законот за внатрешни работи.

Очигледно партизираната полиција на Тошковски е целосно ставена во функција на ВМРО-ДПМНЕ наместо на изборниот процес.

Ова е флагрантна злоупотреба на институциите во партиски цели.

Министерот Тошковски, наместо да гарантира независност и професионалност на полициските структури, ја претвора полицијата во сервис на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ бара разрешување на полицискиот инспектор, суспензија, дисциплинска постапка и одговорност од Тошковски.

Полицијата мора да биде во служба на граѓаните, а не во служба на ДПМНЕ.

Македонската јавност веќе еднаш видела што значи партизирана полиција – притисоци, закани и злоупотреби во изборен процес. Тоа нема да се дозволи повторно

Back to top button
Close