ФОТО: Се омажи Биба Додева

Пејачката и претседателка на здружението „Борка“, Биба Додева повторно „стапна на лудиот камен“, овојпат со нејзиниот партнер Срѓан Шрепфлер.

Со оглед на тоа што пејачката успешно го крие својот приватен живот од јавноста, среќната вест ја сподели нејзината долгогодишна блиска пријателка, поетесата Ана Бунтеска.

„Бибо моја, ви посакувам вечна љубов. Да се чувате и да си бидете столб еден на друг. Душава полна“, напиша поетесата на Фејсбук.

Додева, која вчера го прослави својот 47. роденден, веќе е мајка на ќерката Емануела и баба на внукот Александар, а зад себе има еден брак.

 

Back to top button
Close