(ФОТО) Се запали куќа во Козле

Пожар утринава избувнал во куќа на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Козле, а на местото интервенираат екипи на скопската Бригада за противпожарна заштита.

Screenshot

Од објектот се забележува густ чад кој излегува низ прозорците. Пожарникарите интервенираат со две противпожарни возила, а на терен била присутна и екипа на Итната медицинска помош, која по интервенцијата се упатила кон Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Од МВР информираат дека пожарот бил пријавен во 7:52 часот.

„Денеска (18.08.2026) во 07:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. ‘Јуриј Гагарин’ опожарена е куќа. Во тек е гасење на пожарот од страна на Бригадата за противпожарна заштита“, соопштија од МВР.

Засега нема информации за причините за избувнувањето на пожарот, ниту за евентуалната материјална штета.

Back to top button
Close