(ФОТО) Седница на ЕП посветена на Украина: Аплауз и специјални маици во знак на поддршка
Псебната седница на парламентот на ЕУ на која се расправа за конфликтот во Украина денеска започна со овации за амбасадорите на Украина, а пратениците застанаа на нозе и носеа маци со украинското знаме.
Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, му се заблагодари на претседателот на Украина Володимир Зеленски, кој се приклучи преку видео-повик.
„Господине претседателе ви благодарам што му покажавте на светот што значи да не се откажувате. Ви благодарам што не потсетивте на опасноста од нештата се случуваат кога некој прави работи за сопствени задоволства -порача таа во говорот, во кој го пофали херојството на украинскиот народ.
Таа порача дека Парламентот го поздравува барањето на Украина да стане членка на ЕУ и дека ќе се работи тоа да стане реалност.
За потсетување, Зеленски во своето обраќање кон Европскиот Парламент ја повика ЕУ да застане зад Украина и да го поддржи украинскиот народ и нивната борба за слобода и живот.
Нашиот народ е мотивиран, бидејќи се бори за својата слобода и живот. Истовремено ние се бориме да станеме еднакви членови на Европа. Ние ја покажавме нашата сила. Докажете ни дека сте со нас и дека нема да не напуштите – порача Зеленски.