(Фото) Службено возило на „Македонски шуми“ пред штаб на политичка партија во валандовско Брајковци

Службено возило на „Македонски шуми“ е забележано пред штаб на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во валандовско Брајковци.

Локално население ја испрати фотографијата до Инфомакс и објасни дека возилото е пред шработ на владејачката партија.

Службените возила не смеат да бидат злоупотребувани во политички цели. Дополнително доколку штабот е отворен, а службени лица со службено возило се внатре станува збор за прекршување на изборниот молк.

Извор: infomax.mk

Back to top button
Close