(Фото) Спасувачка акција во Охридското Езеро: полицијата трагаше по четири лица на кои им се искршила едрилицата

Четири лица се спасени од Охридското Езеро откако нивната едрилица претрпела оштетување и станала неконтролирана поради силен ветер и бранови.

Инцидентот се случил на 28 јуни 2025 година, околу 19:30 часот, кога во Полициската станица за граничен надзор било пријавено дека пловен објект, лоциран на околу 2,5 километри од брегот спроти авто-кампот „Извиднички“, побарал итна помош.

Полициски службеници веднаш реагирале и со службен глисер се упатиле кон локацијата, каде што затекнале четири лица на едрилица во неволја. Лицата се безбедно пренесени до станицата кај каналот „Студенчишта“.

Извадена е и оштетената едрилица, на која – поради неповолните временски услови – се скршил крмениот лист, што довело до губење на контрола врз пловниот објект.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close