(ФОТО) Струмичанец „фатен“ со 2,34 промили алкохол како вози автомобил

Пред неколку часа струмичката сообраќајна полиција запрела 48-годишен граѓанин од Струмица за кој утврдила дека возел автомобил со 2,34 промили алкохол во крвта.

Фотографија од алкомерот кој покажува високо ниво на алкохол кај „фатениот“ струмичанец

Пијаниот возач бил запрен на регионалниот пат Струмица – село Банско, во селото Куклиш. По извршената контрола со алкомер било утврдено дека автомобилот го управува со количина неколку пати поголема од дозволената. Возачот бил исклучен од сообраќај.

Нивото од околу 3 промили алкохол во крвта се дефинира како алкохолно труење.

Сообраќајна лови пијани зад волан, Прилеп е шампион на вечерта, таму се фатени 50 возачи под дејство на алкохол

 

Back to top button
Close