ФОТО: Свлечиште сруши дел од патот среде Галичник

Во Галичник на патниот во правец кон хотел Неда и Старацрков после мостот има свлечиште кое го отежнува движењето на возилата.

Воочи првомајскиот продолжен викенд половина од местото може да биде изолирано, заедно со хотелот Неда.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат исклучително внимателни.

Настанот е пријавен до Општината и до Центарот за управување со кризи. Екипи се веќе на терен и ќе работат на проширување на патот за да се овозможи безбедно поминување до негова санација- информираат од МЗ Галичник

Back to top button
Close