(ФОТО)Тошковски со чиј амин попови ги прскаа со „света“ вода полициските автомобили и мотори?!

Попови во дворот на полицијата во секуларна држава ,ги прскаат со „света“ вода полициските автомобили и мотори. Новинарот Фуркан Салиу објави фотографии од овој „чин“ со кој се крши секуларноста на државата.

Оваа фотографија не е „традиција“. Ова е кршење на секуларната држава напиша Салиу .

Во дворот на полицијата, врз службени возила на државата, свештеник врши верски обред. Не во црква. Не во приватен простор. Туку во државна безбедносна институција. Полицијата во Македонија е мултиетничка, мултирелигиска и мора да им служи на сите еднакво. Таа не припаѓа на ниту една вера.

 

Кога една вера добива официјален простор во полицијата, пораката до другите е јасна: оваа институција има доминантна вера.
Ова не е симболика. Ова е институционализација на религијата и кршење на Уставот, кој ја дефинира државата како секуларна.
Државата се чува со закон, не со света вода. Ако денес возилата ги благословува свештеник, утре кој? Оџа? Рабин? Или само верата што е мнозинство?
Секуларната држава не функционира со традиции, туку со еднаквост.
Полицијата мора да биде на сите, не на една вера.
На денешниов скандал во кој црквата се меша во државата во време на короната свештениците станаа „доктори“ и по налог на контроверзниот митрополит на Велешката епархија г. Агатангел со буриња полни со света вода натоварени на камиончиња ги прскаа улиците во Кавадарци Велес и уште неколку населби во епархијата и така ја „бркаа“ короната. Овој чин наиде и на осуда и на потсмев меѓу граѓаните..
Сепак денешново „бањање “на полициските коли и мотори е пострашно од бркањето на короната. МВР е  државна институција и министерот Тошковски е должен да и објасни на јавноста кој го дозволи овој скандал.

Back to top button
Close