(Фото) Тројца повредени во вчерашната сообраќајка на мостот „Беласица“ — се судриле две возила
Тројца лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на улицата Беласица во Скопје.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 20 октомври, околу 20:50 часот, кај крстосницата со улицата Ѓуро Ѓоновиќ, во правец кон трговскиот центар.
Во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“, управувано од 37-годишниот М.П. од Скопје, и автомобил „ауди“, зад чиј волан бил 21-годишниот О.Ц., исто така од Скопје.
Од судирот, двајцата возачи и еден сопатник се здобиле со телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.





