ФОТО: Турканици пред банките во Тетово и покрај зголемувањето на бројот заболени

И покрај фактот дека секој ден во Полошко се зголемува бројот на заразени со коронавирус, а со тоа се зголемува и бројот на апели да нема групирања, сепак овие апели се чини дека не важат пред банките во Тетово, каде што има групирање, или бројот на луѓе што се собира пред нив, секој ден се повеќе расте, пренесува Алсат.

Жителите се жалат дека во банките нема ред. Иако доаѓаат во пет наутро, добиваат бројка дека се 100 на ред.

„Чекаме од пет часот.  Добив број, но залудно бројот не врши работа. Доаѓаш во пет наутро и го добиваш бројот 120 или 150. Нервозни сме, но што да сториме?“…

„Создава загриженост, нервоза. Сега и на оние што се јавуваат на секои шест месеци и ним ќе им се дадат картички и на пензионерите и ќе биде хаос“…

„Секој ден доаѓаме но залудно, не можеме да завршиме работа. Три дена по ред доаѓам. Хаос, нема ред“, реагираат жителите.

Полицијата исто така е ангажирана да одржува ред пред банките.

„Секој ден припадници на полицијата се испраќаат до банките за да му помогнат на обезбедувањето кои е ангажирано за да  воспостави ред. Затоа, кон  една од банките во која беа утврдени прекршувања на протоколите ќе излеземе со соодветна претставка“, рече Фатмир Реџепи- Портпарол на СВР Тетово.

Дури и кризниот штаб во Тетово побара од банките да најдат решенија и да не дозволат собирање на граѓани.

Back to top button
Close