ФОТО: Убиството на Орхан Бајрами-Оки најавено на Тик-Ток уште вчера, денеска има нова најава!
Закани за убиство добивал и самиот Орхан Бајрами – Оки па затоа и патувал во Грција. Последната највата е јавна и тоа на друштвената мрежа Тик-Ток. Истрагата на 4NEWS.mk покажува дека профил со име „tmeriii0101“ уште вчера објавил видео во кое се гледа дека на фотографијата пишува дека Оки е следен на листата. Попладнево објавено е ново видео, на кое пак се гледа дека работата со Оки е завршена, па сега на листа се други двајца.
Профилот не е нов. А најавувал и други убиства. Има содржина поврзана со убиството во Косово, но и тоа во Шиша бар во старата скопска чаршија.
Грчките власти испитуваат дали убиството е резултат на пресметка или се работи за крвна одмзада.
Според новата најава од пред 4 часа, на листата за следни има уште две лица.
Од македонското МНР информираат дека веднаш по информациите за убиството Амбасадата во Атина стапила во контакт со полицијата во Солун.
-Двајцата биле однесени во општата болница на Халкидики, каде едниот им подлегнал на повредите, додека другиот поради тежината на повредите е транспортиран во друга болница, во Полигирос. Според информациите на Aмбасадатa, на местото на настанот моментално се наоѓаат повеќе тимови на грчката полиција и работат на расчистување на околностите на настанот, соопштија од МНР.
текст и фото 4NEWS.MK