(Фото) Уште еден млад Србин нападнат утрово во Косово

Група Албанци околу 2 часот и 30 минути го претепале Стефан Томиќ (18) од Клокот додека тој и неговиот брат се враќале од полноќната божиќна литургија во црквата Свети Петар и Павле во Клокот, соопшти Канцеларијата за КиМ, а пренесе РТС.

По завршувањето на богослужбата во црквата, младиот човек бил на пат кон куќата на неговата тетка, кога по пат бил нападнат од група Албанци, од кои некои ги препознал како обезбедувачи во локален ресторан.

Стефан се здобил со повреди на окото, раката, стомакот и нозете, а лекарска помош побарал во здравствена установа во Витина.

Со семејството Томиќ разговараше и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, кој им ја пренесе поддршката од Србија која ќе биде тука да им помогне.

Семејството целиот случај го пријавило во полиција, која до раните утрински часови го испрашувала Стефан за нападот.

„И овој брутален напад на српско дете на Косово и Метохија ја покажува антисрпската хистерија што владее на Косово и Метохија и колку се загрозени Србите, особено јужно од Ибар“, се вели во соопштението.

Back to top button
Close