ФОТО: Уште гори на Жеден, во гаснењето вклучен и полициски хеликоптер

И денеска е активен пожарот околу врвот на планината Жеден. Од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) Скопје и Полициската станица Сарај информираат дека околу врвот на планината Жеден гори претежно трева и грмушки.

Поради можноста во текот на денот тој да се разгори, од ЦУК велат дека ќе биде надгледуван. Вчера од скопската Бригада на ППЗ информираа дека поради ноќните услови и непристапниот терен пожарникарите не можеле да интервенираат.

– За гаснење на пожарот на отворено на планината Жеден е ангажиран еден полициски хеликоптер. Гори само трева на тешко пристапен терен, нема опасност по населени места или било какви други објекти – велат од ЦУК.

Пожарот кај тетовското село Валаша кој беше активен вчера, се самоизгаснал во текот на ноќта благодарение на ниските температури

Back to top button
Close