(Фото) Ужасна несреќа на патот Скопје-Гостивар – четворица повредени, жена во потешка состојба

Тешка сообраќајка се случи на патот Скопје-Гостивар во близина на поранешната бензинска пумпа Ата, јавува „Коха ТВ“. Несреќата случи синоќа околу 10:30 часот.

Според првичните информации, четири лица се повредени, од кои едната жена е во потешка состојба. Фотографиите сведочат на ужасната несреќа, а од нив се гледа дека возилата се целосно уништени. Од силината на ударот, вратите на автомобилите биле заглавени, па пожарникарите морале да ги исечат за да ги извлечат патниците.

Повеќе информации се очекуваат од МВР.

Back to top button
Close