ФОТО: Верижен судар на Партизанска, едно возило се заби во метален столб

Сообраќајка во која учествуваа 3 возила се случи вечерва на булеварот Партизански одреди во Скопје на крстосницата со бул. 8 Септември.

Како што може да се види од фотографиите испратени до редакцијата на Либертас, едно од возилата се забило во металниот столб од семафорот а други две возила се судриле меѓу себе непосредно пред семафорот.

Не е познато како дошло до несреќата и дали има повредени а на местото се упатија и возила на Итна помош.

Дополнето:

Повредени три лица во сообраќајката на „Партизанска“

Back to top button
Close