(Фото- Видео):Физичка пресметка во „Градска“ болница-причина е прегазено дете
Попладнево кај скопската болница „Св. Наум Охридски“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир, по физичка пресметка од страна на револтирани членови на семејство при претходно случена сообраќајна незгода, во која според првични сознанија било удрено дете.
Револтираниот таткото на детето почнал да го тепа човекот што го прегазил, пишува порталот Фактор.мк
што било причина во болница да заврши и детето, но и оној што го прегазил, бидејќи и тој бил повреден.
Настанала општа тепачка, откако пријатели на оној што го прегазил детето дошле да се пресметаат со неговиот татко кој физички го нападнал. Тепачката се префрлила и во Градска болница.
Затоа морале да интервенираат и медицински екипи, наведува Фактор.мк кој додава дека биле повикани и припадниците на Алфите, врз кои разјарената група фрлала со камења.
По сите овие настани таткото на дтетото е приведен.Возачот што го удрил детето, заедно со детето се задржани во Градска болница на иследување, велат извори на Фактор.
Детето не е во животно загрозувачка состојба и е надвор од животна опаснст.а не е повреден никој од персоналот на болницата, наведува порталот.
Од страна на екипи од СВР Скопје излезено е на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото и текст: Фактор.мк
Видео а1 он