Фото + Видео: Историски момент и ретка глетка – Средба со огромна ајкула, постара и од диносаурусите

Здружението „OceanX“, во соработка со Институтот „Кејп Елеутера“ успеа за првпат во историјата да означи животно со уред од подморница. Тие означија и снимија доминатнен предатор во екосистемот на длабокото море – „Bluntnose sixgill“.

Станува збор за редок вид којшто потекнува од праисторијата е и постар од повеќето диносауруси. Во минатото, д-р Дин Грабс успеал да постави сателитска ознака на една ваква ајкула којашто е многу тешка за уловување, но тоа го направил кога таа била на површината.

Овој вид ајкула може да достигне должина до 6 метри, со просечна тежина од 500 килограми. Поголемите примероци можат да тежат и до 1 000 килограми.

Back to top button
Close