(ФОТО+ВИДЕО) „Не е несреќа, туку убиство“, „Врските не враќаат човечки живот“ – граѓани бараат правда за Фросина
31.01.2025 14:38
1,312 Читање помалку од 1м
Стотици граѓани денеска се собраа на протест по повод прерано згаснатиот живот на младата Фросина од Неготино која беше прегазена додека поминувала пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, во близина на пекарницата „Силбо“.
Граѓани во колона чекаа ред за да запалат свеќи пред фотографијата на Фросина.
Протест за Фросина која беше усмртена на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје
Протест за Фросина која беше усмртена на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје / Фото: 360 степени




Граѓаните на мирниот протест бараат правда за сите жртви од сообраќајни незгоди. На булеварот се собраа многу млади, но и повозрасни граѓани кои бараат да се расчисти овој случај.
Тие бараат зголемено полициско присуство на улиците, да се вратат позорникарите и да се казнат виновниците за овој случај – од обвинетиот до обвинителите и судиите кои го ослободувале младиот возач за претходните дела.
…
Извор: 360Степени