(Фото) Внимателно на патот Струмица–Валандово: Истурени пиперки на коловозот кај Костурино

Возачите се предупредуваат на внимателно возење на регионалниот пат Струмица–Валандово, каде што по поминување на Костурино има поголема количина истурени пиперки на коловозот.

Поради состојбата на патот, можно е сообраќајот на овој дел да се одвива отежнато. Возачите се повикуваат да ја намалат брзината, да бидат внимателни и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close