ФОТО: Во Истанбул уапсен Бобан Томовски, македонски граѓанин кој му бил десна рака на мафијашот Седат Пекер

Македонски државјанин кој му бил десна рака на мафијашот Седат Пекер е уапсен денеска во Турција, објавија турските медиуми.

„Конечно, лидерот на криминалната организација Бобан Томовски, познат по својата блискост со Седат Пекер, беше фатен на аеродромот Сабиха Гикчен. Томовски, кој наводно бил вмешан во шверц на дрога, бил приведен при обид да замине во Египет”, пишуваат турските медиуми повикувајќи се на полициски извори.

Според медиумите, Томовски му бил близок соработник на Пекер и заедно дејствувале во Македонија, а живеел како бегалец во Обединетите Арапски Емирати.

Според турските медиуми, утврдено е дека шверцерот со дрога Томовски, кој имал чести средби со Пекер во Македонија, бил на пат да замине во Египет преку Турција.

Според медиумските извештаи, Томовски споделувал многу објави со Пекер на социјалните мрежи и имал многу влезови и излези од Турција.

Back to top button
Close