ФОТО: Возило се преврте во Аеродром

Возило се преврте во скопски аеродром на новата раскрсница пред воениот базен, во близина на Основното училиште „Љубен Лапе“. Засега нема информации за евентуални жртви или повредени, но на социјалната мрежа Фејсбук веќе се појавија фотографии од несреќата.

Како што може да се види, во несреќата учествувале две возила, „рено меган“ кое има само помала материјална штета и уште едно возило кое е превртено на кровот.

Марјан Лазаревски ги објави фотографиите и предупредува дека станува збор за небезбедно сообраќајно решение со оглед на тоа што на истото место ова е втора сообраќајка во само неколку дена.

Back to top button
Close