(ФОТО) Вработените во двата основни суда во Скопје двочасовниот бојкот на работата го одржуваат надвор
Втор ден по ред вработените во управата и правосудството одржуваат двочасовен бојкот на работата, од 10 до 12 часот. Како што соопштија од Синдикатот на работници од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), барањата се исплата на минимална плата и линеарно зголемување на платите на сите вработени за 2 806 денари.







