(ФОТО): Започна маршот во Скопје под мотото „Кој е следен?“

Започна маршот на граѓанската иницијатива „Кој е следен“, организиран со почетна локација пред Универзална сала во Скопје каде што беше усмртена младата Фросина Кулакова.

Протестниот марш е поделен во неколку делници: 16:30 Универзална во знак на Фросина, 17:00 пред Владата, 17:45 пред Собранието, а 18:30 пред Апелационен суд.

 

„Не протестираме против Владата, напротив, бараме да продолжи да не поддржува и нас како семејство, но исто така бараме да ја поддржи и иницијативата „Кој е следен“ и да ги сослуша барањата што ќе произлезат од протестите. Истото го бараме не само од власта туку и од опозицијата. Бараме (пратениците) да се вклучат во промената на законите и Парламентот активно да контролира како тие закони се спроведуваат. (Судскта власт) бараме да се свестат дека гнојот во општеството доаѓа од овде. Бараме да сфатат дека и тие се дел од народот. Бараме чинителите на судската власт да престанат да ги бранат нечесните меѓу нив, а веруваме дека не сите судии и обвинители се исти“, изјавија на маршот.

Семејството и организаторите бараат партиите да не ја манипулираат граѓанската борба.

 

(360 степени)

Back to top button
Close