ФОТО: Затвореници од битолскиот затвор чистат патишта
Во рамките на Меморандумот за соработка со Управата за извршување на санкции, денес започна првиот заеднички ангажман на лица од КПУ Затвор – Битола, кои активно учествуваат во чистење и уредување на просторите покрај магистралниот пат.
„Ова претставува значаен чекор кон подигање на јавната свест, одржување на чиста животна средина, како и кон унапредување на соработката меѓу институциите. Во наредниот период, планираме во активностите да бидат вклучени и лица од останатите КПУ и КПД, со што ќе ја прошириме и интензивираме оваа корисна практика.
Уверени сме дека со заедничка работа и континуирана поддршка, ќе постигнеме уште подобри резултати и почиста околина. Ова е само почеток на една партнерска соработка која ќе продолжиме да ја развиваме и понатаму.“ – велат надлежните






