(ФОТО) Зградата на МНР свети во бојата на НАТО по повод 75-годишнината од постоењето на Алијансата

Зградата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во центарот на Скопје од вчера е осветлена во сино – бојата на НАТО-знамето. Поводот, како што посочуваат од МНР, е одбележувањето на 75-годишнината од формирањето на воената алијанса, како и одржувањето на НАТО-самитот во Вашингтон.

 

Зградата на МНР осветлена во боите на НАТО-Алијнсата по повод 75 години од формирањето на организацијата

„Република Северна Македонија е кредибилен НАТО-сојузник со активен придонес во зајакнувањето на колективната безбедност и зачувувањето на трансатлантската стабилност. Заедно со нашите сојузници во Алијансата стоиме обединети во определбата за одбрана на споделените демократски вредности и заложбите за траен мир и просперитет“се наведува во соопштението на МНР.

Самитот на НАТО по повод 75 години од формирањето на организацијата се одржа во Вашингтон од 9 до 11 јули. На крајот на настанот шефовите на држави и влади на земјите членки на Алијансата усвоија заедничка декларација. Во неа, меѓу другото, се посочува дека Русија и натаму останува главна закана по безбедноста на сојузниците, а изразена е и заложба за долгорочна безбедносна помош за Украина.

 

Back to top button
Close