ФОТО | Жизел Бундшен се прости со својата мајка: Ќе те сретнам во соништата…
Мајката на познатата манекенка Жизел Бундшен (43), Ванија Ноненмахер, почина на 75-годишна возраст по долга и тешка битка со ракот. Жизел се прости од својата мајка со емотивна објава на социјалните мрежи.

„Сакана мамо, ме боли што знам дека веќе нема да можам да те гушнам, но знам дека секогаш ќе внимаваш на нас. Беше ангел на Земјата, секогаш им помагаше на сите околу тебе. Многу сум благодарна што сум твоја ќерка и што учев од тебе. Ти благодарам што си најдобар пример за љубов, сила, сочувство, храброст и благодат. Засекогаш ќе ги негувам убавите спомени што ги споделивме и ќе живеам според вредностите што ме научи. Ќе живееш вечно низ многуте животи што си ги допрела. Ти благодарам што ми подари пет најдобри пријатели за живот. Твојата љубов секогаш ќе нè води. Ќе те видам во соништата. Те сакам“ напишала манекенката и сподели нивни заеднички фотографии.