Фотографија на денот: 15 канцеларски години на Ангела Меркел

Кога на 22 ноември 2005 година Ангела Меркел стана канцеларка, никој не мислеше дека ќе остане толку долго на чело на германската влада.

    

„Канцеларката на слободарскиот свет“, како што ја нарече „Тајм“, е најмал заеднички именител на мнозинството Германци. Популарноста, разнишана за време на бегалската криза, ја поврати за време на пандемијата на коронавирус – денес Меркел е поомилена од било кога. Најави заминување воо пензија по изборите во 2021 година. Ако коалиционите преговори се одолговлечат, Меркел може да го престигне Хелмут Кол според должината на владеењето.

извор: ДВ

Back to top button
Close