Фотографија на денот: Ликови кои обвинуваат – насилство врз жените

Жените кои ги гледате на овие фотографии во колумбискиот град Меделин делат трагична судбина – тие се убиени.

   

Денеска се одбележува Меѓународниот ден против насилство врз жените, кој би требало да помогне ваква судбина да не ги снајде и други жени. Во светот глобално, посебно во време на пандемијата на коронавирус, насилството врз жените бележи пораст. Не се имуни ни западните држави, но појавата е загрижувачка посебно во неколку земји. На пример во Мексико, според организацијата Амнести интернешнл, секои дваипол часа се случува убиство на жена. Во Индија, според официјалната криминалистичка статистика, секои 16 минути е силувана жена или девојче, 88 дневно.

извор: ДВ

Back to top button
Close