ФотографијаНаДенот: Балони за корона-жртвите во Бразил

Бразил премина стравичен праг – бројот на смртни случаи како последица на коронавирус се искачи на над 100.000.

Со тоа Бразил стана втора земја по погоденост од пандемијата на Ковид-19 во светот, по САД. Роднините на починатите поставија 100 крстови и 1.000 црвени балони на познатата плажа Копакабана во Рио де Жанеиро во спомен на жртвите на коронавирус. Комеморацијата ја организираше невладината организација „Рио де паз“, а балоните симболично беа пуштени на небото.

Извор: ДВ

Back to top button
Close