(ФОТОГРАФИИ ОД МЕСТОТО) Девојка вечерва паднала од зграда во Тетово

Сериозен инцидент беше пријавен вечерва во Тетово, каде што девојка паднала од третиот или четвртиот кат на станбена зграда, објавуваат тетовските портали.
Полициски и противпожарни екипи веднаш пристигнале на местото на настанот и интервенирале во случајот.
Според неофицијални информации, девојката е родена во 2006 година. Итно е пренесено на клиниките во Скопје за лекување.
– Сериозен инцидент беше пријавен пред неколку моменти во Тетово, каде што девојче со иницијали С.А. падна од третиот кат на станбена зграда во близина на џамијата Гам Гам, објави порталот tetova1.
Неофицијални извори јавуваат дека девојчето е живо и свесно, но има скршеници.
Лекарите продолжуваат со нејзиното лекување, додека околностите на инцидентот се уште се под истрага.


ФОТО:tetova1.mk






