Франција ја обвини Русија за серија кибер напади од 2015 година

Франција денеска ја обвини Русија за серија кибер напади врз француски институции и настани, вклучувајќи ги минатогодишните Олимписки игри и изборите во 2017 година.

Франција ги осудува нападите и верува дека единица на руската воена разузнавачка служба, групата APT28, е одговорна за нив, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Оттаму наведуваат дека десетина француски институции биле цел на вакви кибер напади од 2021 година, вклучувајќи јавни служби, приватни компании и спортска организација поврзана со организацијата на Олимписките и Параолимписките игри во 2024 година.

„Ваквите дестабилизирачки активности се неприфатливи и недостојни за постојана членка на Советот за безбедност на ОН“

Руското воено разузнавање, исто така, го саботираше телевизискиот канал TV5Monde во 2015 година и се обиде да ги дестабилизира француските избори во 2017 година, се додава во соопштението.

Франција и нејзините партнери се решени да ги искористат сите средства што им се на располагање за да се спротивстават на злонамерните кибер напади на Русија.

„Ваквите дестабилизирачки активности се неприфатливи и недостојни за постојана членка на Советот за безбедност на ОН“, се додава во соопштемнието.

Освен Франција, и многу други европски земји, исто така, беа цел на руското воено разузнавање во последните години. Германија верува дека групата APT28 е одговорна за голем кибер напад врз Бундестагот во 2015 година и за напад врз седиштето на Социјалдемократската партија во 2023 година

Back to top button
Close