Франција ќе им дели бесплатни заштитни маски на најсиромашните

– Откако заштитната маска стана задолжителна на речиси сите затворени јавни места, цената на овие маски за буџетот на едно просечно француско семејство преставуваат сериозен трошок. Овој трошок државата ќе го преземи, изјави министерот за здравство на Франција, јави дописникот на МИА.

Одговарајќи на пратеничко прашање во Националното собрание министерот за здравство, Оливие Веран, најави дека државата ќе подели пет милиони бесплатни маски наменети за најпогодените – сиромашните семејства, односно оние кои користат бесплатна здравствена заштита.

Од понеделникот во Франција е задолжително носењето заштитна маска на јавни затворени места, а казната за неносење изнесува 135 евра, Цената на една хируршка маска со одлука на владата е ограничена на најмногу 95 центи.

Утринава едно здружение на потрошувачи побара финансиска помош од по 50 евра за секој член на семејството во земјата.тг/сд/

Back to top button
Close