Франција ќе подели 40 милиони маски на најсиромашните граѓани

 Франција ќе им подели 40 милиони заштитни маски на најсиромашните граѓани, соопшти министерот за здравство Оливие Веран.

Тој за ТВ Франс 2 изјави дека бесплатните маски за еднократна употреба ќе бидат поделени на седум милиони Французи кои се на работ на сиромаштија.

Од понеделникот во Франција е задолжително носење маски во сите затворени јавни места.

Оние кои не ја почитуваат оваа мерка, се соочуваат со казна од 135 евра.

Back to top button
Close