Франција ќе помогне доколку биде потребна евакуација на украинскиот претседател Зеленски

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан изјави дека неговата земја ќе му помогне на претседателот на Украина Володимир Зеленски доколку биде загрозена неговата безбедност.

„Безбедноста на Зеленски е најважна работа и ние сме подготвени да му помогнеме доколку е потребно“,изјавил францускиот министер Дриан, кој истакнал и дека Франција е подготвена да го евакуираат, претседателот Зеленски.

Утринава украинскиот претседател имал разговор со британскиот премиер Борис Џонсон.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека утрово разговарал со британскиот премиер Борис Џонсон.

– Сакаме ефикасна контра-реакција на Русија. Санкциите мора да бидат построги, напиша Зеленски на Твитер

Back to top button
Close