Франција ќе прими 400 баратели на азил и 350 деца бегалци без придружба од Грција

 Намерата на Франција, во следниот период да прими 400 баратели на азил и 350 деца бегалци без придружба, кои се наоѓаат во Грција, била потврдена на средбата на министерот за миграција и азил Јоргос Кумуцакос и францускиот амбасадор во Грција Патрик Месонав, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од надлежното грчко министерство, првата група од 50 деца бегалци без придружба ќе замине за Франција во текот на јули.

Back to top button
Close