Франција од 15 јуни почнува со вакцинирање млади на возраст од 12 до 18 години

Младите луѓе во Франција на возраст од 12 до 18 години од 15 јуни ќе можат да се вакцинираат против Ковид-19, изјави претседателот на државата, Емануел Макрон.

Тој рече дека одлуката за почеток на вакцинирање на младите е донесена на состанокот на Советот за одбрана, одржан денеска во Елисејската палата.

Високиот здравствен орган (ХАС) денеска издаде мислење за вакцинирање на деца на возраст од 12 до 15 години. Ќе биде објавено утре наутро, откако Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри употреба на вакцини фајзер/Бионтех за таа возрасна група.

Од почетокот на кампањата за вакцинација во Франција, 26,1 милиони луѓе примиле барем една доза (39,1 процент од вкупното население) и 11,2 милиони и двете (16,7 проценти од вкупната популација).

Back to top button
Close