Франција предлага бугарските барања да влезат во преговарачката рамка со ЕУ?

Додека се чека официјално да биде објавен предлогот на Франција за тргање на бугарското вето, медиумите во Бугарија почнаа со објавување детали од истиот.

Предлогот, кој прво ќе стигне во Софија, според бугарскиот портал Медиапул е Бугарија да го тргне ветото, а ЕУ да гарантира дека Македонија ќе ги исполни бугарските барања.

-Француското ротирачко претседателство е подготвено да ги вклучи барањата на Бугарија во преговарачката рамка за Северна Македонија и ЕУ да стане гарант за нивната имплементација, а се очекува да биде одобрен од другите земји – членки и покрај резервите дека билатералните прашања се пренесуваат во Европа, пишува порталот повикувајќи се на дипломатски извори.

Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска изјави дека Македонија не е запознаена со францускиот предлог и се уште нема информации.

Back to top button
Close