Франција прогласи високо ниво на тревога поради птичји грип

Француските власти го зголемија нивото на тревога поради ширење на птичји грип од средно на високо, и побараа од живинарските фарми низ целата земја да ја чуваат живината во затворен простор, предупредувајќи дека Европа се соочува со сезонска епидемија на болеста.

– Уредбата со која се наредува зголемување на нивото на тревога од средно на високо е издадена по докази за инфекција меѓу дивите птици преселници во Европа, вклучително и Франција, и потврдени епидемии на неколку живинарски фарми, соопшти француското Министерство за земјоделство.

Во соопштението на француското Министерство за земјоделство се потврдува дека досега се откриени две епидемии на птичји грип на француски живинарски фарми и три кај домашни одгледувачи.

Првиот случај на птичји грип беше откриен кон средината на октомври на фарма за фазани и еребици во северна Франција.

Високо патогениот птичји грип е сезонска болест што ја шират птиците преселници, која често предизвикува одгледувачите низ целиот свет да уништат десетици милиони птици.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close