Франција воведува задолжителен карантин на доаѓање од Велика Британија заради индискиот сој на коронавирусот

Франција ќе воведе „задолжителна изолација“ за патниците кои доаѓаат од Велика Британија, каде циркулира индискиот вирус на коронавирусот, изјави денеска портпаролот на француската Влада.

-Следните чекори ќе бидат одредени откако ќе почне да се применува оваа мерка, изјави портпаролот Габриел Атали по состанокот на Советот на министри.

Досега, 16 земји се наоѓаат на списокот за задолжителен карантин, вклучувајќи ги Бразил, Индија, Аргентина и Турција.

Back to top button
Close