Франција замрзна 22 милијарди евра во сопственост на Руската Централна Банка

Француските власти ги замрзнаа средствата на Банка Русија во вредност од 22 милијарди евра, како и сметките и имотот на поединци кои се под санкции на западните земји, изјави денеска францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер.

„Ги замрзнавме средтсвата на Руската Централна Банка во вредност од 22 милијарди евра. Ги замрзнавме и средствата на сметките на физички лица во француските фирми во вредност од 150 милиони евра“ – изјави министерот Ле Мер за радио РТЛ.

Францускиот министер за финансии додаде и дека е замрзнат имот со вкупна вредност од половина милијарда евра во сопственост на околу 30 Руси на француска територија.

Back to top button
Close