Француската полиција го „неутрализира“ поранешниот војник по кого трагаше

– Вооружениот поранешен војник по кого трагаше полицијата од синоќа во југозападниот дел на Франција, е фатен денеска и ранет за време на апсењето, објави на Твитер францускиот министер за внатрешни работи Џералд Дарманин.
– Мажот е „неутрализиран“, напиша министерот на Твитер, честитајќи и на полицијата и „особено на единицата за брза интервенција“ за нивната „одлучна акција“.
Мажот бил „ранет со истрели од огнено оружје“, тврди извор близок на истрагата.
Интервентната полиција од Тулуз и Сатори, во околината на Париз со повеќе од 300 полицајци со кучиња, поддржани од седум оклопни возила и седум хеликоптери, се обиде да го пронајде 29-годишниот маж кој се засолни на непристапен пошумен и стрмен терен со површина од околу четири квадратни километри.

Мажот кој веќе четири пати бил осудуван за семејно насилство врз неговата поранешна партнерка, мајка на неговите три деца, дошол во нејзиниот стан околу полноќ и го нападнал нејзиниот нов партнер.

Кога полицијата синоќа пристигнала на повик од сосед, поранешниот војник отворил оган кон нивните возила и побегнал.

Неговата поранешна партнерка и трите деца поминале без повреди, а полицијата ги сместила безбедно.

Извори запознати со истрагата наведуваат дека осомничениот е поранешен војник кој служел војска од 2011 до 2016 година.

Back to top button
Close