Француската влада одвојува 6,5 милијарди евра за вработување на младите

 Францускиот премиер Жан Кастекс и министерот за труд Елизабет Борн го претставија планот за младите за кој се предвидени 6,5 милијарди евра, јави дописникот на МИА.

Само една недела по претставувањето на исклучителните мерки за олеснување на давачките за вработување на младите, нештата станаа појасни. Така за секое вработување на млади под 25 години, државата ќе им плаќа на претпријатијата 4.000 евра, како компензација за задолжителните давачки. Ова се однесува за оние чија плата на надминува повеќе од две минимални плати.

Претпријатијата што ќе сакаат да вработат млади под 25 години ќе можат да го направат тоа во периодот од 1 август 2020 до 31 јануари 2021, а помошта ќе им биде исплатувана секое тримесечје во износ од 1.000 евра.

Владата на овој начин планира да вработи 450. 000 млади.

Back to top button
Close