Францускиот министер за надворешни работи: Европскиот политички поредок е во опасност

Европскиот политички поредок „денес е во опасност“, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи во своето годишно обраќање до амбасадорите на Франција.

„Не, европската цивилизација нема да исчезне. Но да, нашиот политички поредок денес е во опасност, и покрај неговата драгоцена стабилност во непредвидливиот свет, и покрај неговото огромно научно, технолошко, културно и финансиско богатство“, рече Жан-Ноел Баро.

Неговите поенти се коментар на неодамнешната стратегија за национална безбедност на САД што предвидува европско „цивилизациско бришење“.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close