Францускиот предлог влезе во МНР низ задна врата, вели Дабиќ од Дипломатскиот синдикат

Османи лажеше дека високите дипломати го виделе францускиот предлог и го анализирале. Тоа не е точно. Не само предлогот, туку и Протоколот не е влезен на главната врата во МНР, ниту низ архивата со деловодник и бројче како што заслужува. Мора да е влезен низ задна врата или од гаражата од каде што влегува министерот на работа“, рече дипломатот Зоран Дабиќ на протестот против францускиот предлог пред зградата на Собранието.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Тој истакна дека Македонскиот дипломатски синдикат (МДС), чијшто претседател е самиот, енергијата ја насочувал кон подобрување на состојбите во МНР.

-Ни треба компетентна дипломатија. Не ни треба лажна фасада. Многу брзо Османи ќе си замине. Запомнете браќа и сестри, дипломатијата не е Османи, туку стотици посветени колеги и колешки кои што ќе го вратат сјајот на МНР, рече претседателот на МДС.

Back to top button
Close