Францускиот предлог – во сендвич на поддршка и протести

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел доаѓа во Скопје со поддршка за францускиот предлог. За денеска е најавен нов протест.

   

Nordmazedonien: Proteste gegen Zugeständnisse an Bulgarien 

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска пристигнува во Скопје за да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата на Унијата за интегрирање на Северна Македонија. Во рамки на посетата, Мишел ќе биде примен од претседателот Стево Пендаровски. Тој ќе има тет-а-тет средба со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, по што ќе присуствува на владина седница, а потоа со премиерот ќе одржат заедничка прес-конференција.

Францускиот предлог, чија содржина Владатa вчера ја објави и на македонски јазик, и натаму е предмет на широки консултации, но и на протести, од кој вчерашниот беше одбележан со инциденти. За денеска е најавен  нов протест  „пред владата и не само пред владата“.

„Само оние на кои не им одговара масовност, сакаат да имаат радикализација“, изјави вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој предлага во рамките на Парламентот да се формира работна група каде ќе ги кажат нивните аргументи.

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи во синоќешното гостување на Националната телевизија истакнаа дека сите четири забелешки на ВМРО-ДПМНЕ се веќе инкорпорирани во предлогот. „Ги видов овие четири забелешки и можам да кажам дека треба да се прифати тој предлог – затоа што сите тие забелешки се инкорпорирани во предлогот. Преговарачката рамка со утврден македонски јазик се усвојува веднаш сега, откако ние ќе кажеме ‘да’ на пакетот. Штом се затвори тоа прашање, најважното се затвора“, рече  Османи.

EU-Ukraine Summit in Kiev - Charles Michel in KievПретседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска пристигнува во Скопје

СДСМ: Добра основа

На седница на Извршниот одбор на СДСМ, вчера  предлогот на француското претседателство  бил оценет како „добра основа“ и била дадена поддршка на Владата да го продолжи процесот на консултации за носење на конечна одлука.

„Македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на ЕУ. Ова е клучна позиција, државна и национална која со овој предлог е обезбедена. Предлогот ги става билатералните, историски прашања надвор од преговарачката рамка. Овој предлог е во целосна согласност со Резолуцијата во Собранието за државните позиции. Ова покажува дека Владата, премиерот и надлежните институции одговорно постапувале и ги застапувале државните и национални интереси. По завршувањето на широките консултации, процесот да продолжи во Собранието“, се вели во заклучоците на ИО на СДСМ.

Од СДСМ вчера ги осудија насилството и инцидентите на протестот со порака дека обидите за дестабилизација на државата одново ќе бидат поразени. Нивниот партнер ДУИ прстот го впери во проруски партии.

„ДУИ најостро го осудува насилството и антиевропските инциденти што се случија вечерва на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред зградата на Владата и Собранието. Граѓаните вечерва беа сведоци на обидот да се повтори сличниот напад врз највисокото законодавно тело во државата како на 27-ми април 2017 година од политички партии и поединци кои воопшто не размислуваат за иднината на граѓаните и на РСМ “, се вели во партиското соопштение.

ДУИ порача дека нема да дозволи земјата да скршне од патот на евроамериканско пријателство и европската интеграција. „Проруските партии кои водат насилни протести против евроинтеграциите ја спроведуваат агендата на Москва за дестабилизација на земјата и регионот, но за среќа овие помали партии немаат поддршка од граѓаните“, порача ДУИ и ги повика партиите кои се за европска Македонија да се оградат од деструктивни агенди.

Nordmazedonien: Proteste gegen Zugeständnisse an BulgarienСДСМ и ДУИ со осуда на насилствата на протестите

Навредливи пораки

Додека ДУИ предупредува на „агенда на Москва“, во некои бугарски анализи се критикува за „агенда на Белград“.

„Веќе навистина е навредливо ова што се случува во Македонија. Паролите ‘Партизаните никогаш не преговараат со фашисти’ се насочени против нас – Бугарите“, коментира главниот уредник на „24 часа“, објаснувајќи дека „партизани во Македонија немало, тие биле во Западна Србија и Босна“.

„Огромните напори што ги направи Бугарија за да може да започнат преговори на Скопје за нивен прием во ЕУ, не само што не се ценат, туку се причина и за повеќеилјадна демонстрација во центарот на Скопје против Бугарите. Што го поставува прашањето, дали Македонија воопшто сака да членува во ЕУ или си плачат за Југославија и за Движењето на неврзаните. И дали оваа сцена со  ветото на Бугарија немаше за цел само да биде запрена Албанија поради споровите на Белград со Приштина“, пишува авторот.

Во коментарот насловен „Македонската амбасада да го претставува и Белград“, дава негова „аргументација“ за тезата во насловот.

„Правилната одлука денес е да продолжиме со  напорите за примање на Македонија и Албанија во ЕУ,  бидејќи очигледно Белград, главниот град на нашиот најверојатен противник, тоа не го сака. И сериозно да ја преиспитаме бројноста на српската амбасада во Софија, бидејќи се гледа дека тоа помага. Југословенската амбасада имала активна улога во сите преврати во бугарската историја од 19 мај 1934 година, така што доволен е еден српски дипломат, дури може да се додели на македонската амбасада да го претставува Белград, очигледно тоа е една држава“, пишува уредникот на „24 часа“.

„Четворица полицајци се поврдени при антибугарските демонстрации во понеделникот вечер во Скопје“, „Напад врз македонската влада – обвинетиот за пожарот во Битола запали лист на кој пишува преспански договор, бугарски договор, француски предлог“ – се само дел од насловите во бугарските медиуми за протестите во Скопје. Во текстовите се нотира дека „Алабаковски, кој го потпали бугарскиот клуб во Битола на 4-ти јуни, откако бил притворен многу брзо бил ослободен и оттогаш секој ден учествува во различни настани во земјата. Пренесени се и дел од пораките и протестни пароли кои соседите ги сметаат за навреда кон нив.

извор: ДВ

Back to top button
Close