Францускиот Сенат ја усвои непопуларната пензиска реформа на Макрон


Францускиот Сенат синоќа го усвои планот за пензиски реформи на претседателот Емануел Макрон со 195 гласа „за“ и 112 „против“.

Клучна одредба од нацрт-законот е да се зголеми старосната граница за пензионирање за две години, на 64 години. Горниот дом на францускиот парламент гласаше за текстот по седмиот ден од националните протести против планот

Мнозинството граѓани се против предложената реформа, покажуваат истражувањата на јавното мислење.

Откако Сенатот ќе го усвои предлог-законот, најверојатно во среда, на 15 март, ќе биде разгледан од мешовитата комисија на пратениците на долниот и горниот дом на парламентот.

Доколку комисијата се согласи за текстот, конечното гласање во двата дома најверојатно ќе се одржи во четврток, но исходот од гласањето останува неизвесен во долниот дом, Националното собрание, каде на партијата на Макрон и се потребни гласовите на сојузниците за мнозинство.

Ако власта процени дека нема да има доволно гласови во Долниот дом, сепак е можно да се „протурка“ текстот без собраниско гласање, според таканаречената процедура 49:3. Во среда се планирани дополнителни штрајкови и протести низ целата земја.

Back to top button
Close