Француско радио: Власта на Вучиќ почна да се ниша

„Производ на српската националистичка екстремна десница, Александар Вучиќ го изгради својот авторитет врз кревка рамнотежа – навидум добар економски раст, контролиран медиумски апарат и флексибилна дипломатија што осцилира помеѓу Брисел, Москва и Пекинг“, анализира радиото.

Падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година беше „почеток“ за едно од најголемите граѓански движења во Србија, а набрзо жителите низ целата земја почнаа да излегуваат на улиците, додека раката извалкана со крв стана симбол на движењето бидејќи нè потсетува дека корупцијата убива, објави француското радио „Франс Килтир“, пренесува Н1.

„Точно на 1 ноември 2024 година, уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад уби 16 лица. Тој настан веднаш ја истакна корупцијата на режимот, корупцијата што убива. Оттогаш, протестите продолжуваат, ширејќи се во руралните средини и ослабувајќи го режимот“, објавува радиото во едночасовен подкаст посветен на ситуацијата во Србија.

Таа несреќа, „која се случи неколку месеци по реновирањето на станицата, започна една од најголемите мобилизации во српската историја. Многу брзо, жителите на градот, а потоа и на целата земја, излегоа на улиците за да бараат правда и да ја осудат корупцијата.

Крвавоцрвената рака, насликана и отпечатена насекаде, стана симбол на протест. Таа служи како потсетник дека корупцијата убива“, објавува радиото, кое покани на интервју експерти за балканското прашање и Србија.

Back to top button
Close