Франкфурт забрани пропалестински собир како „потенцијално антисемитски“
Денеска се забранети пропалестински демонстрации планирана за в сабота во западниот германски град Франкфурт, јави ДПА.
Градската канцеларија за јавен ред го забрани маршот, кој требаше да се одржи в сабота под слоганот „United4Gaza – Stop the genocide now!“ (Обединети за Газа – Запрете го геноцидот сега!) како „потенцијално антисемитски собир“.
Според организаторите, се очекуваше до 5.000 луѓе да се приклучат на маршот од Хафенпарк до центарот на градот.
Според јавното право во западната покраина Хесен, регистриран собир може да биде предмет на услови или да биде забранет доколку се загрозени јавната безбедност и редот.
– Околностите околу собирот регистриран за 30 август се такви што оправдуваат целосна забрана на настанот, соопшти градот.
Во моментов, во „исклучително затегната атмосфера“ меѓу пропалестинските и произраелските активисти, постои ризик од „ескалација“, предупредија тие.
– Може да се претпостави со веројатност што се граничи со сигурност дека ќе се извршат казниви антисемитски изјави, закани и дејствија во контекст на овој собир. Затоа, забраната на собирот е оправдана и на крајот неизбежна, објаснија градските власти.