Франс Прес: Митрите од манастирот „Свети Ѓорги Понедоносец“ во Северна Македонија се наследство од раскошниот византиски стил

Агенцијата Франс Прес (АФП) објави репортажа за манастирот „Свети Ѓорги Понедоносец“, Метох на Бигорски манастир од Дебарско-кичевската епархија на МПЦ-ОА, каде што монашкото сестринство изработува митри, круните за епископите на православната црква кои се носат за време на литургиите или за време на најголемите верски празници.

„Во нејзините внимателни раце, митрата светкаше како да е исткаена од злато“

Со оваа реченица започнува репортажата на Франс Прес за манастиротс местен меѓу планини и со поглед на мирно езеро, околу 130 километри западно од Скопје.

 

Во овој манастир, посветен на „Свети Ѓорѓи Победоносец“, се произведуваат уникатни украси за глава што ги носат епископите и патријарсите ширум светот.

„Ние сме единствените во светот што работиме ваков вид митри“, изјави сестра Ефимија за АФП, осврнувајќи се на нејзината работилница од 10 калуѓерки.

 

Тајните на вештината

Сестрите работат како тим, при што секоја монахиња усовршува одреден дел од техниката.

„Секоја од сестрите има своја задача во процесот“, рече Ефимија, додека гледаше како колешка ги прави последните зафати во изработката.

Некои елементи од рачно изработеното производство се тајни и им се познати само на мал број монахињи, рече 44-годишната жена.

 

Метох на Бигорски манастир.

Првично дом на монаси, манастирот бил затворен од комунистичката влада по Втората светска војна и претворен во штала.

Но, откако повторно бил отворен како манастир во 2001 година, неговите православни калуѓерки изработиле 1.700 неверојатно детални митри, рече Ефимија за АФП.

Иако митри носат и католичкиот папа, епископите и некои игумени од неколку христијански деноминации, оние што се изработуваат во Свети Ѓорѓи се резервирани за свештеници од повисок ранг во Христијанската православна црква.

Исклучително, калуѓерките изработиле посебен украс за глава за покојниот папа Франциск, кој бил работен пет месеци.

На Папата Франциск му бил подарен од државна делегација на Северна Македонија во Ватикан во 2016 година.

Тој бил „пријатно изненаден“, рече Ефимија со гордост.

Непроценливо

Декориран со живописни бои, златен вез и скапоцени камења, секоја митра тежи помеѓу еден и два килограми.

 

Потребни се најмалку четири недели за да се изработат. На некои им се потребни шест месеци за да ги завршат.

Според сестра Ефимија, митрите од Свети Ѓорѓи Победоносец го следат раскошниот стил на доцната Византиска Империја.

Но, нејзината работилница, со своите тајни техники, додава уникатен шарм, оценува АФП.

И покрај раскошот, митрата го симболизира круната од трње за која христијаните веруваат дека била ставена на главата на Христос за време на распнувањето, а сестра Ефимија се надева дека секоја од нив ќе донесе понизност кај оној што ја носи.

„Ако епископот носи таков непроценлив предмет на главата и не го чувствува товарот на маките што ги носи современиот човек, тогаш тој ја носи митрата залудно“, изјавила сестра Ефимија за Франс Прес.

Back to top button
Close